„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Најчевска му одржа лекција на Груби: Под паролата “повеќе етнички Албанци во администрацијата“ се вработија: непрофесионални и партиски неработници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
najcevska

Интегрално го пренесуваме писанието на професорката Мирјана Најчевска:

— реклама —

Груби ни вели: “Ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од Законот за територијална поделба, ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од Државниот универзитет во Тетово или Универзитетот Мајка Тереза. Ништо лошо не и се случи на Северна Македонија од вработувањето на Албанците и другите во државната администрација...“

Всушнос се случи.

— реклама —

1. Етнички базираниот Закон за територијална поделба, наместо административно, функционално и финансиски одрживи целини кои ќе овозможат задоволување на потребите и интересите на граѓаните, ја расцепка територијата на бесмислени парчиња, кои имаат 0д 500 - 200000 граѓани и кои претставуваат бастиони на партиите, а не услужни структури за граѓаните.

2. Државниот Универзитет во Тетово ни од далеку не исполнува услови да се смета за акдемска структура и придонесува за дезавуирање на високот образование пред се на етничките Албанци, но и на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Во исто време, тој доведе до натамошно раздвојување на академската заедница и отсуство на било каква комуникација и соработка.

3. Ја дотолче државната администрација.

Прво, наместо критериуми врз основа на мерит систем беа промовирани критериуми врз основа на етничка припадност.

Второ, етничките Македонци во администрацијата добија изговор да работат помалку и полошо. Трето, се разгоре партизацијата наместо професионализацијата на администрацијата. Четврто, се вработуваше таму каде што не треба, а останаа празни места таму каде што треба. Петто, ДУИ доби стабилно гласачко тело кое е во потполна зависност од партијата со што се устоличи во власта. Шесто, партиите на етничките Македонци ја искористија коњуктурата за ерупција од неконтролирано и неодговорно вработување во администрацијата на сите партиски кадри. Значи, не се работи за тоа дека се вработија етнички Албанци во администрацијата, туку за тоа дека под паролата “повеќе етнички Албанци во администрацијата“ се вработија: непрофесионални, партиски неработници, кои ја уништија шансата за реформа на администрацијата. И, секој од овие елементи посебно и уште повеќе, сите заедно, се спротивни на духот на Охридскиот рамковен договор, кој требаше да го промовира граѓанското, а не етничкото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања