„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Најчевска: Охридскиот договор треба да стане дел од историјата, а ние треба да почнеме да градиме граѓанска држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
najcevska

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека ДУИ е продожение на најкорумпираните, најнедемократските и најзаостанатите активности со кои се соочивме во текот на 11 годишното владеење на двоецот ДУИ-ВМРО.

— реклама —

„ДУИ е продолжение на најкорумпираните, најнедемократските, најнасилните, најзаостанатите, најнеправните активности со кои се соочивме во текот на 11 годишното владеење на двоецот ДУИ-ВМРО.

Или ќе најдете начин да ги спастрите или ќе станете потполно еднаков двоец само со име ДУИ-СДСМ.

— реклама —

Уште еднаш повторувам: Охридскиот договор треба да стане дел од историјата, а ние треба да почнеме да градиме граѓанска држава во која власта е под контрола на граѓаните и работи во корист на граѓаните, а не ги искористува граѓаните и не ги дели граѓаните со цел зацврстување на партиско-мафијашките структури.

Ве молам, ослободете ја администрацијата од партиите и од етничките пранги.

Мерит систем со предност за кандидатот од одреденаетничка заедница кога кандидатите се на приближно ниво или приближно на еднаков начин ги исполнуваат условите не е исто со распределба на функционерски и директоски места по процент.

Дајте бре запрете да не враќате се поназад и поназад.

Впрочем мислам дека ДУИ не смее да биде на власт исто како што не смее во моментов да биде на власт ВМРО-ДПМНЕ.

Не сме го срушиле режимот доколку една половина од тој режим ми седи во власта, а другата ги има пипците во сите структури.

И дајте бре Албанци не се палете на секој будала кој ќе одбие да ве игра. Па во секое општетсво има будали, а вие наседнувате како кленови на најмала провокација и веднаш тоа повредената гордост, па знамињата, па историјата па кубурите.

Дај бре заедно да влеземе во 21 век, макар и 20 години подоцна од останатите“, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања