По најавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за измените во Законот за оружје со кои се укинува обврската за претходно одобрение при набавка на муниција, на социјалните мрежи реагираше професорката Мирјана Најчевска. Таа остро ја критикува одлуката, оценувајќи дека со неа се зголемува ризикот од злоупотреба на оружје и се олеснува пристапот до муниција, особено за лица кои не би требало да располагаат со неа.
-Со ова се олеснува пукањто на свадби, крштевки и други прослави, се зголемува достапот на оружје до малолетници, се обезбедува непречено пукање кон комшии, роднини со кои си се скарал, бизнис конкуренти и секако членови на противнички банди.
Оваа власт се труди да го направи животот на луѓето максимално сигурен, пишува Најчевска.