Најчевска против најавената измена во Законот за високо образование: „Импакт факторот не е мерило за квалитет“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 часа -

Коментари
najcevska-janceva

Професорката Мирјана Најчевска преку објава на социјалните мрежи ја критикува најавената измена во Законот за високо образование, според која кандидатите за избор во научно звање би морале да објават неколку трудови во списанија со импакт фактор. Таа предупредува дека ваквото решение е проблематично и може сериозно да ги дискриминира одредени научни области, особено општествените науки. Во објавата детално објаснува што всушност значи импакт факторот и зошто неговото законско наметнување не е соодветно мерило за квалитет.

— реклама —

„Јанева (моменталната министерка за образование) ни вели дека во Законот за високо образование ќе влези одредба според која: Секој кој ќе аплицира за избор во звање – ... ќе има обврска до изборот да изработи и објави 3 до 4 научни трудови во списание со импакт фактор од базите Web of science или Scopus.

— реклама —

Што е проблематично (еве не велам глупо, тоа го оставам на вас да процените) во оваа намера?

— реклама —

Да разјасниме прво што е тој фамозен импакт фактор на едно списание. Тоа е бројот на цитирања на написите кои се објавени во тоа списание во одреден временски период. Се прави агрегат од последните две години.

Значи, тоа не е оцена на квалитетот на написите или на одделен напис. Тоа е квантитет на цитирања. Цитирањето на еден текст може да биде и во негативна конотација. Се цитира на пример глупоста дадена во конкретно истражување и се исмева некоја методологија.

Второ, цитирањето е почесто кога станува збор за контраверзни теми. Ако во моменто е контраверзна тема учеството на трансгендер луѓе во спортот, одреден научен труд кој ја обработува оваа тема ќе биде широко цитиран. На пример, од моите трудови најцитирани се тие кои зборуваат за меѓуетничките односи. Тоа не значи само по себе дека се добри трудови туку само покажува дека меѓуетничките односи се од моментален интерес.

Трето, во овој вид списанија (кои сакаат да бидат перципирани како многу цитирани) не се објавуваат теми кои се од потесен интерес на една држава. На пример во ниту едно од овие списанија нема да објават квалитетна студија за развојот на сточарството во Полошкиот регион. Дали тоа значи дека човек кој ќе направи ваква студија не може да биде избран во научно звање?

Четврто, има научни истражувања од областа на историјата на конкретна држава, демократскиот развој на конкретна држава, правосудниот систем на конкретна држава. Вакви истражувања дефинитивно нема да ги објави ниту едно списание кое се обидува да постигне висок импакт фактор. Тие имаат потесен интерес што не ги прави помалку научни и квалитетни.

Ова значи дека во вакви списанија може да објавуваат пред се истражувачите од медицинските и природните науки, а не и од општетсвените.

И секако не значи дека научните трудови кои се објавени во вакви списанија по автоматизам значи дека станува збор за квалитетни трудови.

Дајте луѓе мислете малку со своја глава, и читајте анализи пред да ставите во закон идеи кои се проблематизираат на светско ниво.“, напиша таа.

media-libraryjqjt2cb7fu20aIw7mht

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања