Најчевска: Прво велеа дека имаат разработен план за вакцинација, па испадна дека немале - смешни се во своето незнаење, како муви без глави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
imunizacija

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Прво велеа дека имаат разработен план. Па испадна дека немале и го спремаа дури откако дојдоа вакцините. Потоа велеа дека имаат разработен распоред и дека ќе се вакцинираат постарите, па хронично болните. Испадна дека ќе се вакцинираат сите освен постарите и хронично болните. Во која држава масовната вакцинацијаа да запчнува со вработени од МВР, АРМ, новинари, судовите, возачи на автобуси, пожарникари воспитувачки во градинките и, ве молам ВРАБОТЕНИ НА ПАТАРИНИТЕ, напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.

Најчевска во објавата додава:

Ги заборавија постарите и хронично болните? И како ги избраа баш овие? Зошто не професори? Или продавачи во супермаркети? Или фризери? Или социјалните работници, или тие во прехрамбената индустрија, или ... ? Работата е да се спречи прво умирањето. А умираат одредени категории луѓе изложени на вирусот. Потоа се адресираат специфични категории по однапред поставени критериуми. И се прави план кој јавно се обзнанува, а не се излегува секој ден со ново соопштение. Смешни се во своето незнаење. Како муви без глави, кај ќе ги дувне во моментот. Вака се прави во светот:

https://whyy.org/articles/when-will-it-be-your-turn-to-get-the-coronavirus-vaccine-heres-a-guide/

XMA Header Image

When will it be your turn to get the coronavirus vaccine? Here’s a guide

whyy.org

извор: Мирјана Најчевска

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања