„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Најчевска за изјавата на Захариева: Ова е изјава е на длабоко исфрустрирана личност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mirjana-najcevska

„Не ги гледаме она за што сме загрижени во преговарачката рамка, така што нема како да кажеме да. Не можеш да бараш да си дел од ЕУ, да бараш да ги демократизираш општеството, институциите и државата и истовремено да го чествуваш еден од најмрачните диктатори – Тито. Разбирате. Двете работи си противречат. Ние ќе продолжиме да ги помагаме, ќе продолжиме да им подаваме рака, но нашата поддршка за членство никогаш не била безусловна. И тоа не е нешто ново. Јас сум изненадена што не сакаа да го разберат тоа што им го зборувавме толку години, дури и не сум убедена и дека разбираат“, изјави Захариева.

— реклама —

Ова е изјава на длабоко исфрустрирана личност, напиша на својот ФБ профил професорката Мирјана Најчевска.

Најчевска во својата објава додава:

— реклама —

Фрустрација која има длабоки корени во чувството на помала вредност на плејада бугарски политичари кои со завист гледале на развојот на Македонија во рамките на СФРЈ, во иновативниот и оригинален систем кој бил изграден на овие простори и способноста на луѓето да бидат посебни во биполарниот однос кој го замрзнал светот.

Мислам дека нашиот сосед многу тешко ќе ја премине токму оваа психолошка бариера.

Тоа е исто како кога детето кое било растено во насилно опкружување, кое било силувано, омаловажувано и измачувано, може многу лесно да порасне во човек кој ги практикува истото насилно однесување како она на кое било изложено.

Она што СФРЈ му го даде на светот живее и ќе живее и ќе се развива и ќе се операционализира, за разлика од неуспешната приказна на една држава која неколку пати во својата историја била на погрешната страна на развојот.

Наша грешка е што ги пропуштивме моментите кога можевме да влеземе во ЕУ пред нашиот исфрустриран сосед.

Сега ќе мора да причекаме ЕУ да се избори внатре во себе со овие и вакви изблици на колективна психолошка нестабилност, која повторно ја поставува Бугарија на сосема погрешен колосек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања