Најчевска за Силјановска: Нема потреба ваква глупача да ни биде претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
najcevska

Професорката Мирјана Најчевска остро ја искритикува кандидатката за претседателка и професор Гордана Силјановска-Давкова, по нејзината споредба на промената на дежавното име, со промената на буква од личното име.

— реклама —

“Мене ме интересира колку се сменил идентитетот на Гордана Силјановска кога станала Силјановска Давкова?

Се променила како личност? Имала друго знаење од она кое пред тоа го имала? Луѓето на улица не можеле да ја препознаат? Одеднаш станала некоја друга Гордана, а не онаа која била пред тоа? Нели Македонија е сега Северна исто како што Силјановска станала Силјановска Давкова. Не е Пакедонија или Ракедонија или Лакедонија или пак Шакедонија. Навистина нема потреба ваква глупача да ни стане претседател. Некако понижувачки е”, пишува Најчевска.

— реклама —

Во своето гостување на ТВ Алсат, проф. Силјаноска Давкова изјави: “Преспанскиот Договор има голем недостаток затоа што граѓаните не го поддржаа на референдум, а со пропаднат референдум ниедна власт нема основа да го менува Уставот. Премиерот Заев после неуспешниот референдум, доколку беше демократ, требаше да си поднесе оставка.“

На исистирањето на новинарот Васко Попетревски дека после носењето на Преспанскиот Договор сепак ништо многу не се сменило за државата, народот и земјата и дека никому ништо не фали и ништо не е сменето, професорката Силјаноска Давкова му одговори: “не е точно Васко, ајде еве сменете вие една буква од Вашето име и наместо Васко, бидете Раско“! Новинарот немаше коментар. Доколку ми биде дадена довербата да бидам Претседател на државата, јас никогаш нема да употребам име Република Северна Македонија, полицијата може да ги мести таблите со новото име, но јас тоа наметнато име ќе го игнорирам, рече професорката Силјаноска Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања