„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Најдена ДНК од 4 лица во автомобилот во случајот „Монструм“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Биолошките траги најдени во црвената „опел омега“ се поклопуваат со ДНК од првообвинетиот Алил Демири, кој побегна во Косово. Демири од претходно бил внесен во криминалистичката база поради друг случај и при процесот на идентификација се утврдило дека станува збор за истиот човек.

— реклама —

Анализата на возилото се вршела во гаража во МВР, а на внатрешноста немало видливи траги од крв. Роберт Јанковски, вештакот кој ги споредувал трагите, вели дека во црвената „омега“ се возеле четири лица, тројца мажи и една жена. Од останатите 4 обвинети, во судницата не се регистрирани траги во возилото.

Насер Рауфи - „Дали Агим Исмаиловиќ не го управувал возилото, штом не се најдени негови траги?“

— реклама —

Вештак Роберт Јанковски - „Не мора да значи, можеби не останала доволно долго ДНК, но може и да била уништувана, зошто ни на менувачот, ни на воланот не најдовме никаква ДНК“.

Семејствата на убиените момчиња сметаат дека процесот се движи во вистински правец.

„Со сигурност се утврдува дека таа ДНК потекнува од еден од обвинетите кој е во бегство“ - вели Дафинка Ивановска–адвокат на семејствата на жртвите.

Демири се уште е во бегство, како и Африм Исмаиловиќ. По убиството побегнаа во Косово, но од тогаш никој не ги видел. Косовското Министерство за правда, се уште нема одговор до колегите од Македонија, за нивната екстрадиција. Контактираат само со нивните роднини овде и ја чекаат правдата откако СЈО го презеде предметот.

„Да имам сознание, во Косово се, живеат нормално, од судството на Косово имаат ослободителна пресуда“ - вели Бедри Ајдари - роднина на обвинети во Монструм.

Судијата Огнен Ставрев најави дека вештак ќе врши детален увид на предметот со престрелката во Белимбегово, која во 2009-та се случи на фармата кај обвинетиот Фејзи Азири. За овој случај вештаците утврдија дека една чаура се совпаѓа со чаура од Смилковското езеро. Интересот на присутните во судница го сврте и најавата за тефтерче пронајдено во папката со докази од пред 6 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања