На 17/18.01.2022, во периодот од 19.00 до 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие и водостопанство, на потегот од нас.Лагадин до с.Пештани, на околу 100 метри од брегот на езерото пронашле осум рибарски мрежи со должина од околу 50 метри, со улов од 82 парчиња риба. Исто така, наспроти автокампот „Градиште“, на околу 100 метри од брегот на езерото, била пронајдена една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри. Риболовниот алат со уловот е подигнат и донесен во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“ за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Најдени девет рибарски мрежи во Охридско езеро
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија