Најголемиот хит на Ед Ширан му донесе отштета од милион евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
001640d6-800

Познатиот британски пејач Ед Ширан доби над еден милион евра отштета, откако го доби судскиот спор за авторски права за неговиот хит „Shape of You“.

— реклама —

Британскиот музичар Сами Чокри, го тужеше Ширан и неговите соработници, Џон Мекдејд од групата Snow Patrol и продуцентот Стивен Мекохон.

— реклама —

Случајот е покренат поради прекршување на авторските права, наведувајќи дека Ширан „украл“ дел од неговата песна „Oh Why“, објавена во 2015 година.

— реклама —

Ширан од почетокот негираше дека ја слушнал песната претходно, што беше заклучено на суд во април годинава. Иако по пресудата адвокатите на Чокри тврдеа дека Ширан и неговиот тим сами треба да си ги платат правните трошоци, во вчерашната пресуда судијата Ентони Закароли одлучи дека тоа сепак ќе го направат тужителите, наредувајќи привремена исплата на отштета од над еден милион евра.

Се очекува натамошна дискусија на која ќе се проценат и финализираат сумите, јавуваат странските медиуми. Адвокатот на Ширан претходно изјави дека целиот случај нанел длабока траума кај пејачот и неговите соработници. И покрај тоа што речиси 10 отсто од плаќањата беа замрзнати поради судењето, песната „Shape of You“ на Ширан и неговите партнери им донесе околу 5 милиони фунти годишно, што е близу 6 милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

001640d6-800

(ВИДЕО) Ед Ширан има нов сингл посветен на Покемон

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања