Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 13 загинати во руски напад врз железнички перон во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarycotrkdlsoidr1imd1cr

Најмалку 13 лица загинаа, а најмалку петмина се повредени во руски напад со дрон врз перон на железничка станица во украинскиот град Днипро. Во моментот на нападот на перонот имало патници кои чекале да се качат во возот за Запорожје, соопштија регионалните власти.

— реклама —

Руското беспилотно летало со млазен погон го погодило перонот непосредно до патничкиот воз број 866, кој сообраќал на линијата од Днипро кон Запорожје, објави украинската државна железничка компанија „Укрзализница“.

— реклама —

Иако била прогласена воздушна тревога поради зголемената опасност, на перонот имало голем број цивили. На местото на нападот интервенирале полицијата, спасувачките екипи и медицинските служби.

Нападот потсетува на трагедијата на железничката станица во Краматорск, во источна Украина, во април 2022 година, кога загина 61 лице, а повеќе од 160 беа повредени. Тогаш околу 4.000 цивили чекале евакуациски возови поради напредувањето на руските сили.

— реклама —

Станицата во Краматорск беше погодена на 8 април 2022 година со ракета „Точка-У“, за која се верува дека носела касетна муниција. Истрагата на непрофитната организација Центар за информациска отпорност утврдила дека достапните докази упатуваат на одговорност на Русија. Москва тогаш ја негираше вината и тврдеше дека нападот бил украинска провокација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3b1ehvm9660rd5i4hA6

Русија тврди дека 613 дронови се упатиле кон Москва во текот на ноќта

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Русија ја исклучува Европа од преговорите за Украина: „Можат да дојдат ако си купат билети“

Свет | пред 20 часа

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

(Видео) Русија лансираше ракета способна да носи нуклеарно оружје, прелета 5.400 километри

Свет | пред 1 ден

media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Русија: Кина плаќа повеќе за течен гас отколку за рускиот природен гас

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања