Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 14 деца загинаа откако се урна покрив на училишна зграда во Пакистан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2024-09-29-at-12.10.16

Најмалку 14 деца загинаа, а уште пет се повредени откако се урнал покрив на училишна зграда во Лахор, вториот по големина град во Пакистан, соопштија локалните власти и службите за итна помош.

— реклама —

Трагедијата се случила во округот Кахна Нау, во јужниот дел на Лахор. Според претставниците на службите за итна помош, повредените деца се пренесени во болница, додека бројот на загинати го потврди и министерот за здравство на покраината.

— реклама —

Полицијата соопшти дека во врска со несреќата веќе се приведени две лица, а истрагата за причините за уривањето е во тек.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази жалење поради трагедијата и упати сочувство до семејствата на загинатите деца.

— реклама —

Уривањата на згради и покриви не се реткост во Пакистан, најчесто поради непочитување на безбедносните стандарди и употреба на неквалитетни градежни материјали.

— реклама —

Во јули минатата година, најмалку 27 лица загинаа, а 10 беа повредени кога се урна петкатна зграда во сиромашниот кварт Лијари во Карачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Пакистан

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
limuzina

Се урна покрив на училиште во Пакистан, загинаа 27 деца и една наставничка

Свет | пред 3 седмици

media-libraryhcqn8rn898kk0FZBIhq

Нов судир меѓу Пакистан и Авганистан: Во воздушни напади загинаа девет лица

Свет | пред 1 месец

media-libraryrap3ton8hfn6az3xUHQ

(Видео) Најмалку 11 загинати во самоубиствен напад во Пакистан

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања