Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 18 загинати во тешка несреќа во Египет, повеќето биле тинејџери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryc3fj7j2lnes8dxEUwwT
Photo by simon on Unsplash

Најмалку 18 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во северен Египет, откако се судриле две товарни возила со кои биле превезувани земјоделски работници, јавува АФП.

— реклама —

Според неименуван извор, најголем дел од загинатите биле тинејџери на возраст од 13 и 14 години. Најмладата жртва имала само 10 години, објави локалниот весник „Ал-Масри ал-Јум“.

— реклама —

Несреќата се случила на пат во областа Исмаилија, во близина на Суецкиот Канал. Египетското Министерство за здравство првично соопштило дека во несреќата биле погодени 47 лица, од кои околу 30 биле повредени.

— реклама —

Патниците, главно жители на две села во делтата на Нил, патувале кон фарма каде што работеле. Ваквите товарни возила во Египет често се користат за превоз на милиони неформални работници, меѓу кои има и малолетници, иако превозот носи сериозни безбедносни ризици.

Детскиот труд останува сериозен проблем во Египет. Според официјалните податоци, најмалку 1,3 милиони малолетници работат во земјата, а децата често се изложени и на ризик од сообраќајни несреќи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryesgf11ci823qfxsGyRx

Ескалација на Блискиот Исток: Египет подготвен да ѝ помогне воено на Саудиска Арабија

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-librarybcfoafuak6pie08qeEb

Најконтроверзната атракција во египетската престолнина: Место каде што луѓето со векови живеат меѓу гробови

Патувања | пред 1 месец

media-library5rr9dvr5lfah1etE7dZ

Најмалку 21 загинат во тешка автобуска несреќа во Египет, десетици повредени

Свет | пред 1 месец

media-libraryr9sfffa1j9n7fBmI9Dh

(Видео) Неверојатна сцена на автопат во Египет: Крадци крадат од камион додека вози

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања