Промени тема
Контакт

Најмалку 21 загинат во тешка автобуска несреќа во Египет, десетици повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-library5rr9dvr5lfah1etE7dZ

Најмалку 21 лице загинало, а десетици се повредени во тешка сообраќајна несреќа со автобус во јужниот дел на египетскиот Синајски Полуостров, соопшти египетското Министерство за здравство.

Несреќата се случила на патот меѓу туристичките места Дахаб и Нувеиба, на брегот на Црвеното Море. Автобусот од засега непознати причини излетал од патот и се превртел.

Во автобусот имало и поголем број државјани на Јордан. Јорданското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу нив има загинати и повредени, но засега нема конечни податоци за нивниот број.

— реклама —

Според првични, неофицијални информации, автобусот најверојатно се движел со голема брзина, по што возачот изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот и се превртело. Причините за несреќата допрва треба да бидат официјално утврдени.

Областа долж Црвеното Море е едно од популарните туристички подрачја во Египет и ја посетуваат голем број странски туристи.

Станува збор за уште една тешка сообраќајна несреќа во Египет. Минатиот месец во сообраќајна несреќа во провинцијата Исмаилија загинале 15 лица, а 32 биле повредени.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr9sfffa1j9n7fBmI9Dh

(Видео) Неверојатна сцена на автопат во Египет: Крадци крадат од камион додека вози

Свет | пред 6 дена

media-libraryc3fj7j2lnes8dxEUwwT

Најмалку 18 загинати во тешка несреќа во Египет, повеќето биле тинејџери

Свет | пред 3 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Египет

Свет | пред 4 седмици

media-library8s23g2pfhvms01TtSdi

Трагедија во Египет: Девет деца загинаа кога минибус падна во канал

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања