Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 34 загинати во голема полициска акција против озлогласена банда на Хаити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Свет
haiti

Најмалку 34 лица осомничени дека се членови на криминална банда биле убиени во голема полициска операција во населбата Мартисант, во јужниот дел на главниот град на Хаити, Порт о Пренс. Цел на акцијата било упориштето на озлогласениот водач на банда познат како Ти Лапли, соопшти Националната полиција на Хаити.

— реклама —

Операцијата била спроведена во делови од Мартисант, а полицијата добила поддршка од специјална единица составена од припадници на приватната безбедносна компанија „Вектус глобал“. Компанијата ја основал Ерик Принс, поранешен припадник на специјалните сили на американската морнарица и основач на приватната воена компанија „Блеквотер“.

Според аргентинскиот портал „Инфобае“, зад прекарот Ти Лапли се крие Ренел Дестина, водач на бандата „Гранд Равин“, за која Обединетите нации проценуваат дека има околу 300 членови. Локалните медиуми известиле за жестока престрелка и употреба на експлозивни беспилотни летала.

— реклама —

Полицијата засега не соопштила дали Ти Лапли е меѓу загинатите, ниту дали има жртви меѓу безбедносните сили и цивилното население. Бројот на загинати не е независно потврден, а операцијата сè уште траела во моментот на објавување на извештаите.

— реклама —

Мартисант е стратешка област покрај главниот пат што го поврзува Порт о Пренс со западните и јужните делови на Хаити. Криминалните банди ја презеле контролата врз ова подрачје пред повеќе од пет години, а оттогаш наплаќале за минување или отворале оган врз автомобили и автобуси. Ова е првата поголема операција со цел повторно воспоставување контрола врз областа по преземањето од страна на бандите.

Насилството на Хаити продолжува и покрај присуството на меѓународни сили поддржани од Обединетите нации. Според податоците на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права, од јануари до октомври годинава во вооруженото насилство во земјата биле убиени 4.595 лица, а 2.050 биле повредени.

— реклама —

Во меѓувреме, земјата се подготвува за првите избори по повеќе од една деценија. Претседателската функција е испразнета од јули 2021 година, кога беше убиен претседателот Жовенел Моиз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq4ftc9j0qjlb19C4g6m

(Видео) Крвав напад на Хаити: Најмалку 47 лица убиени во напад на вооружени банди

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
haiti

(Видео) Најмалку 70 загинати во напад на вооружена банда на Хаити

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Драматично на Хаити: Банди ги нападнаа владините згради и претседателската палата, експлозии низ градот

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања