Промени тема
Контакт

Најмалку 67 загинати во уривање на рудник за злато во Судан, има заробени рудари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Свет
media-libraryks6ucsggv7fh9XG8rFT

Најмалку 67 рудари загинаа во уривање на рудник за злато во западниот дел на Судан, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по луѓе кои останале заробени под урнатините.

Несреќата се случила во рудникот Ал-Зара, во близина на градот Нухуд, во покраината Западен Кордофан. Подрачјето е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), кои од 2023 година се во судир со суданската армија.

Според сведоштвата на преживеаните, рудникот се урнал доцна синоќа. Медицински извори предупредуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи потрагата и спасувачката операција сè уште траат. Екипите се обидуваат да стигнат до евентуални преживеани и да ги извлечат телата на рударите заробени под одронот.

— реклама —

Рударот Ал-Амин Сулејман потврдил дека во рудникот сè уште има заробени луѓе. Еден од преживеаните, Хајрал-Сејд Габара, изјавил дека уривањето било од огромни размери и дека на местото немало механизација за отстранување на земјата.

— реклама —

Судан е меѓу најголемите производители на злато во светот, но несреќите во рудниците се чести поради ниските безбедносни стандарди.

Слични трагични несреќи имало и во изминатите години. Во уривање на рудник во 2023 година загинале 14 рудари, додека во 2021 година животот го загубиле 38 рудари.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd5oo9h512ufc9Kv4uio

Се урна авион во Јужен Судан: Нема преживеани

Свет | пред 4 месеци

— реклама —
media-librarycc2ci765q3v9eKnNf1t

Четири години војна во Судан: борби, глад и масовни злосторства

Свет | пред 5 месеци

media-libraryh7efve6m7iocbHsQFnW

Масакр во Судан: Напад на болница однесе 64 животи, меѓу нив и деца

Свет | пред 5 месеци

media-libraryh7efve6m7iocbHsQFnW

(Видео) Напад со дрон врз училиште и здравствен центар во Судан: Најмалку 17 загинати

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања