Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Најмалку четири лица загинаа во израелските напади врз јужен Либан, 20 се повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryvq8bv6u1lot5afQviGl
screenshot x

Најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени во израелските воздушни напади врз подрачјето на Набатије во јужен Либан, објави либанската државна новинска агенција ННА.

— реклама —

Во нападите била погодена и уништена болницата „Гандур“ во местото Ал-Набатије ал-Фаука, објект кој со години не бил во функција. Според информациите, има и повредени.

Силен воздушен удар бил извршен и во градот Набатије, каде цел била историска зграда во сопственост на братот на пратеникот Насер Џабер. Објектот во минатото бил ресторан, а по нападот е целосно уништен.

— реклама —

Нападите предизвикале голема материјална штета и на зградите на регионалното одделение за финансии и одделението за земјоделство во Набатије, кои се наоѓаат во близина на погодената локација. Оштетени се канцеларии, скршени се прозорци и врати, а документи и списи биле расфрлани низ просториите. Оштетени се и десетици продавници и кафулиња во околината.

— реклама —

Претходно израелската војска соопшти дека либанската група Хезболах со два дрона ги нападнала израелските војници во јужен Либан. Припадниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ) собориле еден од дроновите, при што нема повредени војници.

Од ИДФ оценија дека нападот претставува сериозно прекршување на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан и соопштија дека поради тоа биле извршени напади врз цели во јужен Либан.

Израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на безбедносни извори, објави дека болницата во Набатије не се користела и дека Хезболах наводно ја користел како база. Овие тврдења не можеле независно да бидат потврдени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Прелиминарни резултати во Израел: Блокот на Нетанјаху води со 57 мандати

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Неизвесна изборна трка во Израел: Нетанјаху и Ајзенкот без убедлива победа

Свет | пред 1 ден

media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Излезноста во Израел достигна 55,7 отсто, поплавите го затворија патот кон Еилат

Свет | пред 1 ден

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел гласа: Ќе остане ли Нетанјаху на власт или ќе дојде до политичка промена?

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања