Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Најмалку осум загинати во серија пукотници во САД за време на Ноќта на вештерките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 57 минути -

Свет
media-library52u4i4co6s1m4lgWAkj

Најмалку осум лица загинаа, а десетици беа повредени во серија пукотници што се случија во повеќе американски градови за време на викендот посветен на Ноќта на вештерките. Најмногу жртви има во Далас, во сојузната држава Тексас, каде што во три одделни престрелки загинале четири лица, а 15 биле повредени.

— реклама —

Најтешките инциденти се случиле во населбата Дип Елум, позната по баровите, рестораните и ноќните клубови. Трите пукотници се случиле во период од само еден час и 15 минути. Полицијата сè уште утврдува дали нападите се поврзани и кои биле причините.

— реклама —

Во Џексон, во сојузната држава Мисисипи, две лица биле убиени, а шестмина повредени при пукање во ноќен клуб за време на забава за Ноќта на вештерките. Меѓу загинатите се 20-годишен маж и 18-годишна девојка. Напаѓачите сè уште не се идентификувани.

Во Блумингтон, во Индијана, седум лица биле повредени во близина на универзитетскиот кампус, додека во Бирмингем, во Алабама, едно лице загинало, а осум биле повредени во две одделни пукотници по универзитетски натпревар во американски фудбал.

— реклама —

Пукотници биле пријавени и во Фајетвил, Њуарк и Блумингтон во Илиноис. Американските сојузни власти најавиле дека ќе ги претстават мерките што ги преземаат по нападите во Далас.

— реклама —

И покрај насилниот викенд, податоците на ФБИ покажуваат дека бројот на убиства во САД минатата година се намалил за 18 проценти, а вкупниот број насилни кривични дела за 9,3 проценти во споредба со претходната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Како изборите во САД можат да ја променат американската поддршка за Украина?

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп тврди дека договорот за крај на војната во Украина е многу блиску

Свет | пред 1 ден

media-library362ucteqq34kcKqKHyw

(Видео) Крвав инцидент во САД: Едно лице загина, осуммина ранети во пукање пред стадион

Свет | пред 1 ден

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

САД издадоа итно предупредување за можен напад врз музеј и парк во Москва

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања