Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Најмалку тројца загинати и 60 повредени во новите руски напади врз Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library4419mbtt7u31aBcvsif
screenshot x

Во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа загинаа најмалку три лица, а околу 60 се ранети, соопштија украинските регионални власти.

— реклама —

Во меѓувреме, во Киев заврши спасувачката операција по разорниот ракетен напад што вчера погоди станбена зграда во населбата Дарницки.

— реклама —

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала шест крстосувачки ракети и 141 дрон. Противвоздушната одбрана успеала да собори еден проектил и 130 беспилотни летала.

— реклама —

Во Херсонската област загинаа две лица, а 13 биле повредени во напади врз населби долж реката Дњепар. Уште едно лице загина во Запорожје.

Најмногу повредени има во Харковската област, каде што биле ранети 39 лица по напади со дронови и наведувани бомби.

— реклама —

Повредени се пријавени и во Дњепропетровската, Одеската и Сумската област. Меѓу нив има и 17-годишно момче кое било рането во напад врз неговото село.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 2 дена

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања