Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Најмногу дожд наврна во Претор – 26 литри на квадратен метар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library9u2pdllan6shaoQqYGt

Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утринава наврна во Претор, каде се измерени 26 литри на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

— реклама —

Според измерените количини на врнежи, по Претор следуваат Битола, Струмица и Попова Шапка со по 7 литри на квадратен метар, додека Охрид, Маврови Анови и Пожаране добија по 6 литри.

Во Крива Паланка се измерени 5 литри, а во Скопје-Петровец и Крушево по 4 литри на квадратен метар. Помали количини врнежи се регистрирани во Прилеп со 2 литри, како и во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес и Берово со по 1 литар на квадратен метар.

— реклама —

Од УХМР напоменуваат дека овие вредности се измерени на официјалните дождомерни места, а поради локалниот карактер на врнежите, на одделни места количината на воден талог може да била и значително поголема.

— реклама —

За денеска се прогнозира сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува.

Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.

— реклама —

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Температурата ќе достигне до 29 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Облачно време со дожд и северен ветер, температурите до 14 степени

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library461tvpu1ea3297yRpFw

Претежно облачно со дожд, утринските температури од 6 до 11 степени

Македонија | пред 1 ден

media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Дождливо и облачно низ Македонија: Најмногу врнежи во Маврови Анови

Македонија | пред 3 дена

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Облачно време со повремен дожд, температурите до 16 степени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања