Најмногу дожд во Крива Паланка: 39 литри на метар квадратен за 24 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
media-libraryvaj191t0469hbWksSvL
Скопје1.мк

— реклама —

Денеска во Македонија се очекува претежно облачно време, со повремени врнежи од дожд во пониските предели, додека на повисоките места и на планините ќе паѓа снег со слаб интензитет. Во западните делови попладне облачноста постепено ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен од северозападен правец. Максималните температури ќе се движат од 9 до 12 степени.

Според последните мерења, најмногу дожд за изминатите 24 часа е забележан во Крива Паланка, каде наврнале 39 литри на метар квадратен. Следуваат Виница со 26 л/м², Берово со 23 л/м² и Скопје-Петровец со 20 л/м².

— реклама —

Минималните температури утрово се движат од -3 степени на Попова Шапка до 8 степени во Гевгелија. На Попова Шапка снежната покривка достигнува 31 см, додека во Маврови Анови има 2 см снег.

Во Скопје денеска се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5rofp6vhsqeaeMyTbvN

Oбилни дождови и снег со метео аларм од жолто и портокалово ниво!

Македонија | пред 5 дена

media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

Обилни дождови и релативно високи температури најавени за следната недела

Македонија | пред 6 дена

media-libraryvlnl7gd19331fEgz0Z3

Обилните дождови ја доуништија запуштената инфраструктура: канализации и водотеци ги поплавија Охрид, Кичево и Тетово

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања