Промени тема
Контакт

Најслаби 100 дена во историјата, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо не работат, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Најслаби 100 дена во историјата, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо не работат

Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ освен што искажаа 1.000 лаги ништо не работат три месеци откако граѓаните им ја дадоа довербата, вели СДСМ.

„100 дена беа доволни за да се покажат и докажат како најслаби градоначалници во историјата.

— реклама —

Партизација на општинските администрации, изземање од одговорност, игнорирање на проблемите, оправдувања за неработа, трошење пари на луксуз не е работење во интерес на граѓаните.

Требаше 100 дена да поминат за оваа партија да си го покаже вистинско лице во општините, ниту еден проект нема за граѓаните.

— реклама —

Не поминува ден,а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да немаат некакви барања и покрај тоа што ниедно не е во интерес на граѓаните во општините.

— реклама —

Кога градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ без проблем обезбедиле пари за вдомување на партиски кадри, обезбедиле пари за апетисани и пијалоци за коктели, можат сами да си ги платат сметките во општините.

Граѓаните не заслужуваат вакви неодговорни градоначалници да им ги уназадуваат општините“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања