Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најстудено на Попова Шапка со -2 степени, најмногу дожд во Гевгелија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
popova-sapka

Најниска температура утринава е измерена на Попова Шапка каде се регистрирани -2 степени Целзиусови. Температури од еден степен се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, два степена во Крушево, а три во Пожаране. Во повеќе градови низ државата минималната температура се движела меѓу четири и шест степени, додека најтопло било во Струмица, Демир Капија, Штип и Гевгелија со девет степени.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија, каде наврнале 19 литри на метар квадратен. Во Струмица се измерени 12 литри, во Берово 10, а во Демир Капија, Крива Паланка и на Попова Шапка по девет литри на метар квадратен. Во Битола, Пожаране и Лазарополе се измерени осум литри, додека во Тетово и Маврови Анови по седум литри на метар квадратен.

— реклама —

Снежна покривка до седум часот утринава има во Крушево, каде се измерени осум сантиметри снег. Во останатите делови од државата нема значителна снежна покривка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања