Промени тема
Контакт

Најстудено утрово на Попова Шапка – измерени -2 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
popova-sapka

Утрово најниска температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде живата во термометарот се спушти до -2 степени. Нула степени се измерени во Лазарополе и Маврови Анови, како и во Претор, додека 1 степен е регистриран во Охрид, Берово, Крушево и Ѓуриште.

Во останатите делови од државата температурите се движеле од 2 до 9 степени, при што најтопло било во Гевгелија со измерени 9 степени. Во Скопје утрово се измерени 6 степени на мерните места Петровец и Зајчев Рид.

— реклама —

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Скопје – Зајчев Рид со 3 литри на метар квадратен, додека во Радовиш Пожар наврнале 2 литри. Помали количини дожд се измерени во Штип, Виница, Кавадарци и на Попова Шапка.

Снежна покривка има само на Попова Шапка, каде утрово се измерени 59 сантиметри снег.

Според најавите, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, а максималната температура ќе достигне од 10 до 15 степени.

— реклама —

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен дожд и слаб до умерен ветер од северен правец, со максимална температура до 13 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc3cb5r2h35lm4vAr2OK

(Фото) Бандера поминува низ кров на куќа на Попова Шапка и завршува во соба

Македонија | пред 1 ден

834562-MKD.MK_

Најстудено утрово на Попова Шапка: Следува нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

Македонија | пред 3 месеци

834562-MKD.MK_

Најладно утрово на Попова Шапка: -2 степени

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryahau1fjvdenr5s47dtm

Попова Шапка ја затвора зимската сезона – недостигот од снег пресуди

Патувања | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања