Промени тема
Контакт

Најстудено во Берово со -1, преку ден до 16 степени: какво ќе е времето денеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Во Македонија ноќеска преовладуваше релативно ладно и ведро време со мала облачност. Претежно е тивко, без позначаен ветер. Најниската температура е измерена во Берово, каде се спушти на –1 степен.

— реклама —

Според метеоролошката карта, речиси на целата територија е забележано релативно ладно време, а на повеќе локации има појава на слана и мраз.

— реклама —

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Наутро ќе има зголемена облачност, која постепено ќе се намалува во текот на денот. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Минималните температури ќе изнесуваат од –3 до 4 степени Целзиусови, а максималните ќе достигнат од 11 до 16 степени.

— реклама —

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за слаба магла. Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од 1 до 13 степени.

Според најавите од УХМР, следува период на стабилно и релативно топло време со утринска зголемена облачност, која во текот на денот ќе се намалува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Од -4 утрово до 28 степени преку ден: Голема температурна разлика низ Македонија

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library3ris6de2hrpl08pK26C

Голем пресврт на времето: Арктички студ стигнува на Балканот

Балкан | пред 2 седмици

media-library4uqdirj780pd7xIn8At

Посвежо време до среда, а потоа температурите повторно растат до 34 степени

Македонија | пред 3 седмици

soncevo

До 30 степени, но посвежо – засилен северозападен ветер низ Повардарието

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања