„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Наќе Чулев се враќа на работа: Незаконски ми бил одземен безбедносниот сертификат и незаконски сум избркан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
culev

Поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, јавно се огласи по повеќегодишната судска битка, во која, како што наведува, судовите јасно утврдиле дека одземањето на неговиот безбедносен сертификат и отпуштањето од работа биле незаконски и политички мотивирани.

— реклама —

Во своето обраќање, Чулев посочува дека со години бил цел на организирана кампања на дезинформации, клевети и политички прогон од претходната власт, што резултирало со, како што вели, јавно понижување, дискредитација и силен притисок врз неговото семејство и децата. Човек со речиси 25 години служба во безбедносниот сектор и соработка со меѓународни партнери, според него, преку политичка одлука бил прогласен за „безбедносен ризик“, не поради сторено дело, туку поради тоа што јавно зборувал за корупција и аномалии во системот.

Чулев искрено признава дека периодот низ кој поминал бил тежок и понижувачки, исполнет со неправедни обвинувања, закани и рушење на личниот и професионалниот углед, што најмногу се одразило врз неговото семејство. Сепак, како што нагласува, правдата, иако бавна, со истрајност и вера, на крајот стигнала.

— реклама —

По завршувањето на долгите судски процеси, судовите утврдиле дека целата постапка против него била неправична и незаконска, а за злоупотреба на институциите е поднесена и кривична пријава против сторителите, за која Чулев очекува надлежните органи да постапат и одговорните да сносат последици.

Тој нагласува дека јавното обраќање не го прави од реваншизам или саморекламирање, туку за вистината да остане јавно запишана и како порака дека достоинството, знаењето и професионалниот интегритет не можат да бидат одземени со политички одлуки. Според него, неговиот случај не е изолиран, туку дел од поширок проблем на политички прогон и злоупотреба на институциите, поради што многу граѓани и денес водат судски битки за да ја докажат својата невиност и да ја вратат честа.

Чулев јавно им се заблагодари на семејството, пријателите, сограѓаните и меѓународните партнери кои, како што вели, не поверувале во лагите и му дале поддршка во најтешките моменти, најавувајќи дека ќе продолжи да се залага за општество во кое никој нема да биде гонет поради различно мислење и во кое институциите ќе служат на правдата, а не на политички пресметки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nakje-culev

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Македонија | пред 4 месеци

culev

Чулев: Кога службите стануваат политичко оружје, страда демократијата

Коментари | пред 4 месеци

culev

Сериозните злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, обвинителството да истражи, алармира Чулев

Македонија | пред 1 година

Culev-23.1

МВР тендерира една третина поскапа храна од лани, а на полицајците им се сервирааат сува храна и конзерви, вели Чулев

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања