Намален бројот на умрени од насилна смрт, од вкупниот број на починати опфаќаат 2,2 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Samoubistvo-kaj-Momir-02

Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија бројот на умрени лица во 2022 година од насилна смрт е намален за 28,2 проценти во однос на претходната година и изнесува 486 умрени лица.

— реклама —

Умрените од насилна смрт учествуваат во вкупниот морталитет со 2,2 отсто. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2022 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72,8 проценти.

— реклама —

- Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 78,6 отсто, самоубиствата со 20,2 проценти и убиствата со 1,2 отсто.

— реклама —

Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 55,1 процент во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Кај категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација, со учество од 12,3 отсто во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин учествуваат со 0,8 проценти во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт - соопштуваат од ДЗС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања