Руската телевизија емитуваше снимка на која се гледаат украинските морнари , кои од неделата се во притвор , по инцидентот во Керчкиот мореуз , поради што односите меѓу двете земји се на раб на војна.
„Граничната служба на Русија не предупреди дека ги кршиме руските закони. Повеќе пати ни кажаа да ги напуштиме руските територијални води, но ние не ги послушавме“, вели еден од украинските морнари.
https://www.facebook.com/vesti.ru/videos/684201968640502/
Заповедникот на украинската морнарица тврди дека ваквите изјави морнарите ги дале пред руските медиуми под притисок.