Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Наместо бесплатен јавен превоз, Арсовска воведе билет од 120 денари, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
danela-avtobusi

Изминуваат првите 82 дена од мандатот, а градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект, вели СДСМ

— реклама —

„Напротив, Арсовска на штета на граѓаните и Градот, прекинуваше готови проектни решенија како оној за Бас рапид транзит.

— реклама —

Наместо бесплатен јавен превоз, Арсовска воведе билет од 120 денари, а потоа бараше финансиска помош од Владата за ЈСП.

Наместо професионализација на администрацијата како што ветуваше, Арсовска ги партизираше установите и претпријатијата и ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 10 партиски кадри во Град Скопје.

— реклама —

Граѓаните го гледаат неработењето на Арсовска, затоа од нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ секојдневно измислуваат конструкции во обид да ја прикријат нејзината неспособност, затоа и Христијан Мицкоски ја користи секоја прилика да бара оправдувања за неработењето на Арсовска.

— реклама —

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ работат на штета на граѓаните и свесно го кочат развојот на Град Скопје„, се вели во соопштението,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања