Промени тема
Контакт

Наместо да прави пазар, Груби нека каже дека одбива да има намалување на бројот на пратеници, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51527416724_29ef17fba6_c

Вицепремиерот Артан Груби треба сериозно да се ја сфати позицијата платена од граѓаните, и да разбере дека овде не се работи за пазарење, ниту пак за надавање како што е навикнат на принципите по кој се раководи коалицијата на СДСМ-ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на вицепремиерот Артан Груби за предлогот за помал број пратеници и една изборна единица.

— реклама —
— реклама —

„Наместо да се обидува да прави пазар, Груби нека собере храброст и нека каже дека одбива да има намалување на бројот на пратеници и дека не е за заштедување на парите на граѓаните. Тоа дека е против една изборна единица Груби треба да им го каже и на партиите ДОМ, ЛДП и ДС кои барем декларативно се залагаат за една изборна единица. Секогаш кога треба да се прави гимнастика и да се прави политичко харикири очигледно задолжен е Артан Груби“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања