Наместо да се расчистат, му извадил пиштол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pistol-vperen

Триесет и осумгодишен жител на селото Росоман во полицијата во Кавадарци во вечерните часови на 06 јануари пријавил дека истиот ден бил физички нападнат во викендичка во селото која е во сопственост на скопјанец.

— реклама —

Според неговата изјава во полицијата, околу 18:00 часот бил повикан од скопјанецот да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко-доверителски односи.

Според билтенот на МВР:

— реклама —

На 06.01.2019 година во 23,00 часот во Полициската станица Кавадарци А.В. (38) од село Росоман пријавил дека истиот ден, околу 18,00 часот бил повикан од С.К. од Скопје да дојде во неговата викендичка во Росоман за да расчистат меѓусебни должничко- доверителски односи. Кога стигнал таму, заедно со С.К. било уште едно лице од Скопје, негов пријател. Пред да му ги даде парите С.К., според пријавителот, го повикал и Б.П. од Росоман, кој откако дошол веднаш почнал да се расправа со пријавителот и физички го нападнал. Во моментот кога пријавителот го напуштил објектот, според него, С.К. испукал два пати со пиштол, но никој не бил погоден. На А.В. му е укажана лекарска помош во Општата болница Кавадарци и е пуштен на домашно лекување. С.К. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања