Наместо изговори, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за минимална плата од 600 евра, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
pari-1

Не може да има пари за криминални тендери а да нема за работниците, вели СДСМ

— реклама —

„Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра.

Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат.  Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.

— реклама —

За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.

Имајќи ја предвид сè потешката економска положба на работниците и барањата на Сојузот на синдикатите, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.

Еве законско решение на маса, сега ќе се види кои партии ќе бидат на страната на работниците а кои ќе останат на страна на тендерите“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања