„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Наместо навремена интервенција, гледаме загрозени села, градови, куќи, фарми“, ВМРО-ДПМНЕ за пожарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pozar-1

Гледаме апсолутна неспособност на власта во справување со пожарите низ Македонија. Наместо навремена интервенција гледаме загрозени села и градови, уништени куќи, фарми, имоти, хектари шума и за жал и изгубен животи, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со ситуацијата со пожарите во државата.

— реклама —

„Оваа неспособна власт на Заев освен криминал не може да организира ништо друго. Тие немаат план и стратегија за справување со пожарите. Да имаа немаше да го одбијат амандманот за ребалансот на буџет предложен од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на 20 противпожарни возила. Да имаа стратегија немаше да бидат оставени несервисирани трите авиони за гаснење пожар кои сега ќе гаснеа шумски пожари. Но наместо да одвојат 400 илјади евра за сервисирања тие трошат милиони за службени возила, мебел, вработувања и мобилни телефони“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваa партија , власта како што велат од таму наместо да го разреши неспособниот Стојанче Ангелов таа го унапредува од вд во директор, човекот кој според нивните оценки аматерски менаџира криза кој може да чини животи и имоти на граѓани.

— реклама —

„Впрочем каков премиер, такви и соработници и функционери“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може да се очекува повеќе од лица кои наместо да превенираат дозволија пожар да дојде до самиот град Кочани, а тие да се забавуваат на приватни прослави на Мечкин Камен. Време е за оставки на неспособните, за да се спасат животи! Неспособноста на власта загрозува животи и имоти на граѓани. Веќе никој не бара одговори од власта на Заев, сега од нив се бара одговорност!“, се нагласува во соопштението од опозициската партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања