Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Наместо општината да биде вистински сервис за жителите на Аеродром, таа се користи за политички маркетинг, обвинува Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2022-02-18-173529

Во работата на општината Аеродром под палката на новиот градоначалник Тимчо Муцунски се провлекува еден континуиран проблем на нецелосно и половично извршена работа, која пред граѓаните и јавноста се претставува како огромен успех и достигнување при што политички се злоупотребува општината, велат од Левица

— реклама —

„Наместо општината да биде вистински сервис за жителите на Аеродром, таа се користи за политички маркетинг кој не соодветствува со реалноста на терен.

Имено по поплаките на граѓаните околу еден хаварисан автомобил во близина на училиштето Љубен Лапе и кој претставуваше опасност за децата таму општината го тргна автомобилот од таа локација и наместо истиот да заврши во отпад, заврши под железничката станица каде исто така секојдневно поминуваат деца.

— реклама —

Друг ваков случај каде работата се врши површно и нецелосно е дивата депонија кај кејот на Вардар во населбата Долно Лисиче која е исчистена само во делот каде што се гледа покрај патот, а делот од кај брегот на реката Вардар не е воопшто исчистен.

Потсетување и за отворањето на половично реновираното стадионче во Ново Лисиче за кое реагиравме во едно претходно видео.

Бараме од општина Аеродром да се престане со злоупотреба на општината за гол политички маркетинг кога во суштина работата како во овие конкретни три случаи, а и во други за кои допрва ќе реагираме не е докрај или е половично завршена“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања