Наместо со докази, вина се докажува со импровизирани методи непознати во правната наука, никој не понесе одговорност за ништо, вели екссудијата Туфегџиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Коментари
Screenshot-2024-12-09-at-22.33.10

Адвокатот и поранешен судија во Кривичниот суд, Владимир Туфегџиќ, остро ја критикува состојбата во правосудството и институциите, предупредувајќи дека ниската доверба на граѓаните е последица на отсуство на одговорност и одлучност.

— реклама —

„Секоја влада ќе го користи аргументот за 2% доверба во судството за да не ја исполни законската обврска за исплата на плати на судиите согласно законот. Постои генерална недоверба во институциите и тоа е реалност и клучен фактор на нестабилно општество. Никој не понесе одговорност за ништо, напротив функционерите, вклучително и во правосудството, рефлексно ја отфрлаат својата одговорност која е клучна за довербата и ефикасноста на институциите,“ вели Туфегџиќ.

Тој додава дека ниту е намален криминалот, ниту трагедиите во сообраќајот, ниту корупцијата, а секојдневно се појавуваат нови скандали и случаи без последици за одговорните. Според него, правосудството не покажало одлучност да се справи со мал број судии и обвинители кои директно придонеле довербата да падне на само 2%.

„Се дозволи пар обвинители и судии да експериментираат со правната наука, обвинители кои не го почитуваат принципот на хиерархија и субординација, кои редовно поднесуваат проблематични обвиненија што судиите мораат да ги влечат на сила. Наместо со докази, вина се докажува со импровизирани методи и стандарди непознати во правната наука. Тие станаа најопасни поради својата суета и лични фрустрации. Кога одлуката произлегува од суета, тоа не е правда, туку силување на правда од позиција на моќ,“ нагласува Туфегџиќ.

Тој заклучува дека мал број подпросечни судии и обвинители биле оставени надвор од зоната на одговорност, а државата предолго толерирала вакви појави. „Се дозволи… премногу се дозволи… толку многу се дозволи што нема оправање,“ предупредува Туфегџиќ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kacarska

(Видео) Кои судии и обвинители имале кариери како „цедевита на растворање“?

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

ВМРО-ДПМНЕ: Криминал од 100 милиони денари со куќен притвор – судството на СДС охрабрува криминалци

Македонија | пред 3 месеци

frosina-vasil-1414

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Васил Јованов е доказ за корумпираното судство на СДС и ДУИ

Македонија | пред 4 месеци

emilija-peseva-ubiena

Ја давел и убил, па отишол да се коцка: Се бара доживотен затвор за убиството на штипјанката Емилија

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања