„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Наместо во изолација, четири лица од Гостивар ја напуштиле Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
aerodrom-skopje

На 18.08.2021 во периодот од 10 до 20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно 4 лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Беловиште и Мало Турчане, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.

— реклама —

Против лицата, од кои две се машки и две женски, на возраст од 24 до 74 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик. Во овој период, исто така, било утврдено дека едно малолетно женско лице од тетовско Вешала со решение за изолација ја напуштило земјата. И против малолетничката ќе следува поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања