Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Наместо во Кисела Вода, зависниците ќе земаат метадон таму каде што живеат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе можат да добиваат метадон на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење, односно во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански“, во Психијатриска болница-Скопје, на веќе познатата локација во општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 Септември“,  информираат од Министерството за здравство.

— реклама —

„Во интерес на пациентите е да бидат во пункт во својата општина или општината која е најблиску до локацијата на која се наоѓа пунктот. Распределувањето на психијатрите е во рамки на внатрешната организација на Психијатриска болница–Скопје. Во тек се техничко-административните подготовки на пунктовите кои се веќе просторно опремени. Согласно завршувањето на подготовките, пунктовите ќе бидат веднаш пуштени во функција“, велат од Министерство за здравство.

Од Министерството посочуваат дека регистрирани се вкупно 520 пациенти кои се дел од програмата за лекување и третман на зависности. Се планира по околу 120 пациенти да ја земаат терапијата во наведените пунктови, освен во ГОБ „8 Септември“ каде ќе ја земаат помал број пациенти.

— реклама —

Одлуката на здравствените власти доаѓа откако жителите на Кисела Вода со протести бараа дислокација на Центарот, а претходната идеја да се префрли во Гази Баба не беше прифатена ниту од тамошните жители.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања