Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Напад врз докторка, жена и полицајци – серија инциденти каде интервенирала полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
policija-2457

Во текот на 19 декември 2025 година, во повеќе градови во источниот дел од земјава се регистрирани три одделни инциденти поврзани со физичко насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Најпрво, во 06:40 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во Итната медицинска помош во Кочани, жена од селото Спанчево, општина Чешиново–Облешево, физички нападнала 33-годишна докторка. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

— реклама —
— реклама —

Истиот ден, во 18:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле А.Д. (21) од Штип, по претходна пријава дека околу 17:45 часот, пред семејна куќа во градот, физички нападнал 32-годишна жена од Виница. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Третиот инцидент бил пријавен во 23:45 часот во Македонска Каменица, каде полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле М.С. (43) од Македонска Каменица, поради агресивно однесување кон полициски службеници за време на вршење службени дејствија. И во овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

56-годишна жена тешко повредена откако била удрена од автомобил во Тетово

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library46953u7hcrmgaEnfPVx

Му платила 450 евра за мебел, но по два месеца останала и без парите и без нарачката

Македонија | пред 1 час

media-librarys4a3ip6hpeg28cnPcu2

Оставил „мерцедес“ на поправка, но исчезнале и автомобилот и мајсторот

Македонија | пред 1 час

media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Зајакнати контроли на патиштата: 145 возачи казнети за непрописно престигнување

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања