На 27 декември 2025 година во 00:20 часот, во СВР Скопје, К.С. (39) од Скопје пријавил дека на 26 декември околу 22:10 часот, за време на концерт во спортскиот центар „Јане Сандански“, бил физички нападнат.
Според пријавата, Д.К. му се заканил со остар предмет, додека друго машко лице употребило боксирач.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.