Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Напади во ЈСП автобуси, дворови и локали: кој сѐ се тепал низ Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
tepacka
Илустрација / Скопје1

Во текот на 19 и 20 декември 2025 година, во СВР Скопје биле пријавени повеќе случаи на физички напади на различни локации низ главниот град, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 19 декември во 18:45 часот, 64-годишната М.М. од Скопје пријавила дека околу 15:20 часот била физички нападната од К.Б. во двор од семејна куќа на подрачјето на Бит Пазар.

— реклама —

Истот ден, во 15:00 часот, 46-годишната А.С. пријавила дека додека се возела во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од И.С. (39), исто така од Скопје.

Во вечерните часови, во 21:05 часот, 55-годишната С.Ј. пријавила дека околу 17:20 часот, при влегување во автобус на ЈСП Скопје во Драчево, била физички нападната од засега непознато женско лице.

— реклама —

Претходно истиот ден, во 12:55 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во Скопје, 32-годишната И.Ј. физички ја нападнала 30-годишната М.Н.Д. Неколку минути подоцна, во 13:00 часот, било пријавено дека пред истиот угостителски објект, И.Ј. била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Ј. (29).

Во раните утрински часови на 20 декември, во 04:30 часот, 40-годишната С.В. пријавила дека околу 00:45 часот била физички нападната од М.Л. пред угостителски објект на подрачјето на Центар. Според пријавеното, претходно бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу неа и друго женско лице, С.К.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци и дека се преземаат мерки за нивно целосно расчистување.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pijan

Алкохолизиран возач: прво се заканувал, потоа удрил со возило, па се вратил со нож

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Семејно насилство врз сопруги, деца и родители – петмина завршија во полиција

Македонија | пред 12 часа

media-library1er9ueki1j3r4AeBcJl

Пронајдена дрога во Тетово, Скопје и Неготино, повеќе лица приведени

Македонија | пред 12 часа

media-library3gojtdh024v31P7Z2Gq

Гостиварец тешко повреден по пад од четирицикл, возел без дозвола

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања