„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Напнато на Косово – пратениците од Српска листа се затворија во косовското Собранието каде ќе го чекаат Хан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
pratenici-srbi-na-kosovo

Пратениците од Српска листа влегоа во собранието на Косово во Приштина и таму ќе останат до доаѓањето на европскиот комесар, Јоханес Хан, чија посета е закажана за утре. Претседателот на Кризниот штаб на Српска листа е Горан Ракиќ.

— реклама —

– Нашите легитимни претставници ќе го запознаат Хан и Европа со анти-српските потези кои водат кон хуманитарна катастрофа, рече Ракиќ.

Тој додаде дека политичките претставници на Србите во Приштина денес легитимно и демократски се борат за тоа српските деца на КиМ да имаат право на живот, храна и иднина.

— реклама —

,,Се затворивме денеска во просториите на Собранието на Косово за да побараме итен состанок со претставникот на ЕУ кој доаѓа во Приштина, Јоханес Хан и да го запознаеме со состојбата и потенцијалната хуманитарна криза со која се соочува српскиот народ , доколку царината од 100 проценти веднаш не се повлече.” , изјави пратеникот Игор Симиќ.

Еврокомесарот утре најави посети на Белград и на Приштина со цел да се запознае со состојбата по зголемувањето на владата во Приштина на царините за српски производи за 100 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања