Промени тема
Контакт

Народен правобранител: Граѓаните да пријават повреда на избирачкото право

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
uploads_thumbs_resize_800x420_481661

Граѓаните на првиот круг од Локалните избори денеска можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија 0800-54321, а ќе функционира од 7:00 до 19:00 часот во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

— реклама —

Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.

— реклама —

– Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението од Канцеларијата на Народниот правобранител.

— реклама —

Од Канцеларијата на народниот правобранител, исто така, потенцираат дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, и апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања