Промени тема
Контакт

Народот можеби ќе нема греење, ама луксузот во владиниот кабинет не смее да трпи, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Manasievski-15.01

Свесни за кризата во која се наоѓа државата, како одговорни граѓани решивме и ние да донесеме подарок на мандатарот Ковачевски. Доволно добивавме подароци од власта во форма на поскапена струја, поскапено парно, поскапени производи во маркетите, решивме и ние да вратиме, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бидејќи јавноста дозна дека владата набавува нов прибор за јадење со позлатени чинии, лажици, виљушки, ножеви за новиот мандатар, ние решивме да ги поштедиме од трошоци и таквиот прибор да му го подариме во име на граѓаните. Еве владата не мора да троши 37 илјади евра, кои се рамни на 140 месечни плати на еден работник, туку нека го искористи овој позлатен прибор, ако веќе премиерот мора да јаде со златни лажички, виљушки, чинии. Слатки нека му се октоподот, шкампите, лигњите и бранцинот во новите позлатени чинии.

— реклама —
— реклама —

Народот можеби во својот дом ќе нема греење, можеби ќе нема леб, ама луксузот во владиниот кабинет не смее да трпи. Одговорноста на народот е голема и затоа ќе воведе мерки на народно штедење, ќе се откаже од поскапената храна, ќе се покрива со јамболии, ќе плаќа поскапи сметки, но овие чинии никогаш не смеат да останат празни. Доволно ќе биде мандатарот Ковачевски секогаш кога ќе јаде од полните златни чинии да се сети барем на миг на овој народ кој сето тоа му го овозможил.

— реклама —

На народот му остана шегата, за да не заплаче. Велат секоја шега е половина вистина, но овој пат тоа е полна и болна вистина“, додава тој

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања