„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Народот во Македонија ќе му каже големо „НЕ“ на Заев и групата околу него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoskiprilep1

Оставка од градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, побара ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протестен марш во Прилеп.

— реклама —

Да му порачаме на најнеспособниот градоначалник во цела Македонија кој кога го чествуваше Св. Климент, положуваше цвеќе на споменикот на Ченто, оставка веднаш да поднесе. Еден друг функционер на Зоран Заев, во Собранието на Република Македонија гордо ќе застане на говорницата и ќе каже „Ова е искомплексирана нација“. Јас гледам горди Македонци, луѓе кои ја сакаат татковината и нацијата, рече партискиот лидер Христијан Мицкоски пред насобраните граѓани истакнувајќи дека во Прилеп силно бие срцето на Македонците.

Тој нагласи дека патот кој треба да го изодат нема да биде краток.

— реклама —

Ќе има многу предизвици, но ние заедно ќе го одиме и во овие декемвриски денови. На крајот од тој пат ќе биде победата, заедно ќе победиме и чекориме и во јануари и февруари и во март, потоа ќе дојде април кога ќе дојде првата победа на претседателските избори. Победа која ќе ги најави предвремените парламентрани избори кога народот во Македонија ќе му каже големо „НЕ“ на Заев и групата околу него. Народот кој го лажеше, кој се чувствува изневерен, опљачкан, излажан, омаловажен и понижен од сите овие политики што скоро две години оваа ненародна и криминална влада ги води во Македонија. Па, уште дрско преку своите гласноговорници ќе им каже дека се искомплекцирана нација, нагласи Мицкоски.

Тој порача дека Заев ќе биде жестоко поразен и испратен на темната страна на историјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања