Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Насилна ноќ и ден во главниот град: тепачки, семејно насилство и боксови поради кавги во сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
DSC_0052

Во текот на 21 и 22 декември 2025 година, на подрачјето на Скопје се евидентирани повеќе одделни случаи на нарушување на јавниот ред и мир, физички напади и семејно насилство, за кои постапуваат полициските служби на Министерство за внатрешни работи.

— реклама —

Како што информира МВР, на 21 декември околу 21:20 часот, на подрачјето на општина Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 52-годишниот Д.А. од Скопје. Тој претходно во спортска обложувалница го нарушил јавниот ред и мир, влегувајќи во физичка пресметка со А.К.(59) од село Сарај, по што агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои постапувале на местото на настанот. По целосно документирање на случајот, најавено е поднесување соодветен поднесок.

Истиот ден, во СВР Скопје, 51-годишна жена пријавила дека во нивниот семеен дом на подрачјето на Центар, нејзиниот 66-годишен сопруг З.А. ѝ се заканувал со остар предмет, а потоа физички го турнал нивниот 22-годишен син и упатувал закани. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

— реклама —

На 21 декември во 10:40 часот, С.М.(47) од Скопје пријавил дека додека се движел со патничко возило од село Јурумлери кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот. Од нив излегле М.С. и уште неколку лица кои физички го нападнале, употребувајќи и тврди предмети, при што му било оштетено и возилото. И во овој случај, од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

— реклама —

Дополнително, на 21 декември во 16:15 часот, Х.Т.(31) од Скопје пријавил дека околу 12:40 часот, на подрачјето на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Денеска, 22 декември 2025 година, во 09:50 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К.(41) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга. И за овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Од МВР наведуваат дека сите случаи се предмет на натамошна постапка и дека се преземаат законски мерки за нивно целосно расчистување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Скопјанец приведен во Битола, возел без возачка дозвола

Македонија | пред 32 минути

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Приведени две лица во Прилеп поради пронајдена прашкаста материја

Македонија | пред 33 минути

media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

Маж ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца

Македонија | пред 37 минути

media-librarygudonvs5m446bL7QT8B

Сува трева и дел од куќа изгореле во пожар во Нераште

Македонија | пред 38 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања