Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Насилство на секој чекор: Сред Струмица тепаа жена, полицаец претепа бивша жена, друг со две условни работеше во МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
IMG_5581

„По трагедијата која се случи во Неготино, повторно се отвораат прашањата дали во земјава имаме доволно родово одговорни политики. Немаме“, пишува Ина многуфина.

— реклама —

Таа по претепувањето на неготиначката која почина од повредите, вели:

— реклама —

Имаме само политичари и функционери кои се сликаат на трибини и оправдуваат фондови земени од амбасади дека имаме некаква програма, па лично ќе се заложеле, па еве сеа ќе почнеме да средуваме и штурци. Ништо не се дешава. Насилство на секој чекор, у Струмица сред град тепаа жена мислите некој се заложи од овие што треба систем да напраат? Не. Полицаец ја тепал бившата жена и татко и во сред суд пред камери и им се заканувал со оружје. Ама ок, знаел да ракува со оружје, немало опасност. Полицаец со две условни за насилство работеше уште во полиција, се деси случајот на Пале.

Да продолжам? Со сите жени кои се плашат да пријават, кои немаат доверба во институции, кои немаат каде да одат пошо немаме никаква поддршка од системот, да им најдеме работа да можат да се осамосталат, а не да се враќаат кај насилникот пошо се економски зависни. Да спомнам места во Македонија каде нема центар за згрижување на жртви, каде околината ги виктимизира жртвите, каде насилникот од позиција на моќ се сили. Да спомнам дека им се силат на жртвите дека имаат чоек во полиција или во социјално па ако пријават ќе им биде потешко и ќе им ги земат децата?

— реклама —

Што превземаме?

— реклама —

Доверба во обвинителство 0%, полиција и почна да реагира ама не баш секаде очигледно, не може насилници да остануваат на работа во полиција. Не може насилници да не осудува обвинителство или да се пуштаат условно. Не може медиуми да наградуваат насилници со награди за општествена одговорност. Не може да бидеме благи кон насилниците врз жени, нон стоп има насилство. Секој ден има по вести и рачунајте тоа се само тие кои се пријавуваат. Другите ќутат. Нема доверба во институции, нема систем за жртвите, нема ништо. Ќутат и трпат. До денот кога веќе нема да можат да истрпат. Лесна ти земја Госпоѓо!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysi91f0595h6s8w2yc59

„Дали јас сум следната?“: Моника Тасевска преживеала тешко насилство, сега стравува дека ќе биде убиена

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Уапсен 50-годишен маж од Пехчево, ја нападнал сопругата

Македонија | пред 4 дена

media-libraryuu6udroe97og3PF0BVg

Скршен нос и повеќе модринки кај пациент, петмина болничари осомничени за насилство во психијатриско одделение во Зеница

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryotoc10vha0nq2wuXNtC

Четири малолетници меѓу пријавените жртви на насилство – осум случаи во полицискиот билтен

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања