Нашите иселеници 8 месеци не зеле македонска пензија, каде е проблемот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
penzija

Иселеници од Австраија, Швајцарија и други држави, кои се стекнале со право на користење  пензија од Македонија, 8 месеци не добиле ни денар. Скопје 1 сакајќи да открие која е причината, најправо се обрати кај портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, кој веднаш не препрати за ова прашање одговор да побараме во министерството за Труд и Социјална Политика.

— реклама —

Портпаролот на министертсвото веднаш ни кажа дека ова не е прашање за нив туку за ПИОМ. Од ПИОМ пак портпаролката Анифе Зекири, ни кажа дека е на боледување оваа и следната недела. Таа побара прашањето да го пратиме на mail и дека ќе ни биде одговорено во текот на следната недела.

Ги запрашавме:

— реклама —

- Дали е точно дека нашите иселеници кои се стекнале со право да земаат македонска пензија, немаат земено 8 месеци?

- Доколку е точно која е причината и дали ќе им се исплатат пензии?

- Колку иселеници се регистрирани во ПИОМ кои земаат македонски пензии?

Веднаш штом ни биде одговорено, одговорот на ПИОМ ќе го објавиме.

Инаку пштите услови за пензионирање се еднакви за сите осигурени лица во задолжителниот пензиски систем (прв и втор столб): возраст од 64 години за мажи, 62 години за жени и минимум 15 години пензиски стаж. Во случај на инвалидност, правото на пензија може да се стекне пред навршување 64 години старост за мажи и 62 години за жени. Во случај на смрт на осигуреникот, правото на пензија може да се стекне за минимум 5 години осигурување или за најмалку 10 години пензиски стаж.

Повлекувањето на средствата од индивидуалната сметка во задолжителните пензиски фондови од вториот столб, пред возраста за пензионирање не е дозволено, со исклучок во случаите на инвалидност или смрт. Во случај на инвалидност или смрт на членот, средствата од индивидуалната сметка се префрлаат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ), којшто е овластен за исплата на инвалидски и семејни пензии. Доколку нема корисници на семејна пензија, средствата од индивидуалната сметка може да ги наследат наследниците на починатото лице.

Старосната пензија се утврдува од месечниот просек на платите што осигуреникот ги остварил за време на вкупното траење на осигурувањето, а најрано од 1 јануари 1970 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања