Премиерот Димитар Ковачевски смета дека иако во криза, државата им помага на граѓаните и стопанството. Од текстилна фабрика, посочи дека минималната плата и натаму ќе расте. Тој најави дека државата ќе остане партнер и на работодавачите преку мерки кои ќе им го олеснат функционирањето.
„Наскоро може да очекуваме повторно зголемување на пензиите“, додаде Ковачевски.
Според Ковачевски, повисоката нето плата ќе значи зголемување на буџетот и животниот стандард.
„За менаџментот е важен фактот што државата ќе ги субвенционира придонесите“, додаде тој.