Наскоро во ЗОО Скопје сервали и црвени птици од видот Скарлет Ибис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Scarlet12

Наскоро во Зоолошката градина Скопје ќе пристигнат сервали и црвени птици од видот Скарлет Ибис. Сервалите се африкански предатори од семејството мачки. Сервалот е еден од најголемите претставници од седумте видови мали мачки, кои го населуваат континентот.

— реклама —

— реклама —

Сервалот претежно живее во Африка, во супсахарскиот дел на континентот со исклучок на тропските шуми. Бројот на сервалите, за жал, почна да се намалува, а како главна причина се наведува човекот. Модерните ДНК-анализи покажуваат дека сервалот има сродна врска со каракалот.

— реклама —

Птиците од видот црвен Скарлет Ибис потекнуваат од егзотичните делови на Јужна Америка и Карибите и се национално обележје на Тринидад и Тобаго. Нивната специфична боја ги прави препознатливи, а во светот имаат статус на заштитен и загрозен вид.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања