Промени тема
Контакт

Настава и за децата на Детската клиника – од септември почнува образовна поддршка за тешко болни ученици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
detska-klinika

Од септември, учениците кои се на долг болнички третман на Клиниката за детски болести во Скопје, вклучително и децата со малигни заболувања, ќе добијат можност да следат формално основно образование. Министерството за образование и наука веќе започна со обуки на наставници за работа со овие деца, а наставата ќе се организира и за оние кои се лекуваат дома.

„Децата со канцер, покрај лекување во болница, се рехабилитираат во домашни услови. Наставникот определен за детето може да го посети во домот, доколку има услови и доколку дозволи здравствената состојба на детето, или онлајн да го совладуваат потребниот материјал. Покрај тоа што тие нема да ја изгубат годината, тие ќе бидат и мотивирани. Дали во клиника, дали во домашни услови или во центар за рехабилитација, наставата ќе се одвива, а со тоа и социјализацијата на овие деца“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

— реклама —

Истовремено, ќе се направи анализа дали и колку ученици повредени во пожарот во Кочани ќе имаат потреба од ваков вид настава во домашни услови.

— реклама —

Со измените во законската и подзаконската регулатива, училиштата каде што се запишани болните деца се должни да ги вклучат во наставата – преку директно онлајн предавање, индивидуална или асинхрона настава, со користење на дигитални алатки. Целта е децата да немаат прекин во образованието и полесно да се вратат во училиштата по завршување на лекувањето.

— реклама —

Во моментот на Клиниката за детски болести се лекуваат околу 20 деца, а нивното лекување трае до две години, од кои најмалку шест месеци во болнички услови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања